(ВИДЕО) Охриѓанец направил интервју со досега непознати факти за еврејската група: Децата од “Лев Тахор” со сонцето од Кутлеш!

Охриѓанец познат како WIK КАКАROTSKI, направил ексклузивно интервју со припадниците на религиозната група „Лев Тахор”, кои после престојот во Куманово и Скопје сега се наоѓаат во охридско.
WIK интервјуто го направил заедно со Гоце Вегета, а во него ќе слушнете досега непознати факти за оваа религиозна група чие доаѓање во Македонија беше проследено со бурни реакции од јавноста.


Во описот на видеото WIK пишува:

-Дополнително имав средба со представници од с.Лакочереј кој го организирале протестот за протерување на Лев Тахор…. Мислам дека со ова видео ќе ја олабајме малку работата, бидејќи сепак гледаме деца и лица кој реално ДА ГИ ДУВНИШ ќе летнет, но не сум јас тука да му судам на некој за домаму шо да прајт и се трудам максимум да ги разберам на сите. Сакам, исто да испратам и голем поздрав до газдата на хотелот Прага кој е хуманист и буквално за егзистенција ги угостил Евреите и до полицијата која се грижит цело време за нивната безбедност. Македонците се кроток народ, но сепак се си имат свои граници и како што им кажав и во Лакочереј нека мислет малку на нивниот соселанец од хотелот кој е ставен во нај жешкиот оган. Georgi Goce Cvetkovski Вегета докажа дека е хуманист и многу ми поможи ова да се остварит!“.


Извор: markukule.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …