Актерот Вилијам Леви и неговата сопруга – актерката и модел Елизабет Гутиерез важат за еден од најпопуларните латиноамерикански парови. Сепак, она што ги прослави беа бројните скандали.
Актерот кој обожавателите го паметат по мексиканските сапуници, отворено покажал дека една жена не му е доволна.
Иако гласините за нивниот развод започнале уште на самиот почеток на бракот, се чини дека дури сега решиле и официјално да раскрстат.
На својот Инстаграм профил, актерот објавил дека се разведува од Елизабета со која има две деца, 15-годишниот син Кристофер и 11-годишната ќерка Кејли.
View this post on Instagram
„Сакаме да ве информираме дека по долго размислување решивме да ја прекинеме нашата врска. Ќе продолжиме да бидеме прекрасно семејство и најдобри родители на нашите деца. Тоа никогаш нема да се промени”, напишал актерот, кој набрзо потоа ја избришал објавата.
Но дека нивната одлука е конечна, потврдлеи со ново соопштение.
„Време е за ново поглавје во мојот живот“, напишал тој накратко.
Двојката е во брак од 2003. година. Имале бројни подеми и падови, а сето тоа поради гласините дека Вилијам и бил неверен на својата сопруга. Тамошните медиуми тврдат дека се работи за повеќе од 80. жени.
View this post on Instagram
Се разделувале најмалку два пати годишно, но на крајот секогаш се враќале еден на друг. Со раѓањето на децата, нивната врска изгледала посилна. Се однесувале како среќно семејство, но реалноста била поинаква.
Во 2008. година, по гласините за аферата со Мајте Перони, колешка од серијата „Cuidado con el Angel“, Вилијам објавил дека повеќе не е со Елизабет. Три години подоцна и Елизабет објавила дека повторно ја раскинале врската, овој пат поради неговата афера со Барбара Мори.
„Решена сум да ја прекинам оваа врска за доброто на моите деца и себеси, си должам почит, пред се како сопруга и мајка“, рекла тогаш таа.
View this post on Instagram
Познато е дека имал афера со колешката Ксимена Наварете со која глумел во теленовелата „Бура во срцето“, а најголемата афера е онаа со Жаклин Бракамонтес за која се заколнал дека ќе ја остави сопругата.
Исто така, актерот беше обвинет дека намамил малолетничка во хотелска соба и ја принудил на секс. Иако обвинението било отфрлено, Вилијам не негирал дека спиел со неа, туку само дека таа го лажела за нејзините години.
Фото: Принтскрин/Instagram