(ФОТО) МУЛТИМИЛИОНЕР – ЈАС СУМ НАЈБОГАТ ТАТКО ВО ДРЖАВАТА: Има ШЕСТ ДЕЦА, а луѓето не можат да веруваат ШТО МУ КУПИЛ НА БЕБЕТО за првиот роденден!

Мултимилијардерот Бери Друит Барлоу (51) вели дека е најбогатиот татко во Англија, и дека планира да ги разгалува своите шест деца колку што може.
Имено, како што пишува „The Sun“, неговото богатство се проценува на околу 40. милиони фунти, а Бери истакнува дека на децата не им одзема ништо. Како што вели, најмногу заработува со инвестирање – во биткоини, уметност, во агенција за сурогат мајчинство. Тој исто така одгледува пудлици, а има и неколку други извори на приход.


View this post on Instagram

A post shared by Barrie Drewitt-Barlow (@donbarrie)


Бери и неговиот поранешен сопруг Тони Друит Барлоу (56) биле првиот геј пар во Англија кој добил дете со помош на сурогат мајка, а тоа било во 1999. година. Од првиот ден ги разгалил близнаците Шафран и Аспен (22).
„Морав да го надокнадам тоа што немаат мајка“, изјавил Бери.
Така, кога се родила Шафран, добила дијамант и рубин, двете парчиња вредни околу 700.000 долари.


Инаку, Бери се заљубил во Скот (27), поранешното момче на Сафрон, по разводот со Тони. Двајцата се уште се заедно и живеат на релација Манчестер-Флорида. Ги имаат Орландо (17) и близнаците Далас и Џаспер (11).

Своето најмало дете Валентина ја добиле во септември 2020 година, а и таа, вели Бари, била разгалена. Таа моментално има гардероба од 100.000 долари, полна со дизајнерски парчиња за бебиња. Валентина за својот прв роденден добила и стан вреден 600.000 фунти во Манчестер. Сафрон има стан во истата зграда. Валентина за овој Божиќ ќе добие облека вредна околу 60.000 фунти, а Бери вели дека е свесен дека девојчето брзо расте и дека нема ни да може сето тоа да го носи.
Тој најавил и дека на социјалните мрежи ќе сними што им купил на децата, додека неговите придружници на шега барале да ги посвои и нив.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …