Овие три хороскопски знаци се шампиони во трошењето пари

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Кој знак најлесно троши пари? Кој никогаш нема на крајот на месецот? А кој го дава последниот денар за најубаво кашмирско палто? Лавот, Стрелецот и Близнаците се шампиони во трошење пари.

Лав
Апсолутен шампион во трошење пари. Ајде да одиме по ред. Лавот знае сериозно да заработи. Вреден е и секогаш се труди да биде уште подобар. Сепак, тој е некој кој не жали што ги дал последните пари за убаво кашмирско палто или за луксузни салонки, иако во плакарот веќе има три пара. Лавот едноставно е таков, сака луксуз, сака и знае да троши пари. Знае и последниот денар да го потроши во кафеана на добра песна, квалитетно вино и пријатели.


Стрелец
Вечен тинејџер и Петар Пан. Тој го има своето мото кое гласи: сега сакам се а утре ќе размислувам за последиците. И секогаш ќе биде така, бидејќи тој е дете на Јупитер и среќата секогаш го придружува на чуден начин во животот. Истиот однос го има и кон парите. Последниот денар го дава за патување, за дружење со пријателите. Секогаш реагира во момент, без да размислува за последиците. Сака да работи, знае да работи и заработува, но и лесно ги троши.

Близнаци
Најубавата насмевка на астрологијата. Шармери кои се неприкосновени во комуникацијата. Убавото поминување во град со нив е загарантирано. Секогаш им се извлекуваат и последните пари бидејќи ги трошат на се што ќе им падне во очи. Близнаците обожаваат да трошат пари на шопинг. Тоа може да биде шопинг на гардероба, купување за дома или едноставно уште еден од стоте курсеви за комуникација. Многу го сакаат друштвото, па голем дел од нивните пари одат за „блеење“ по кафулињата низ градот. Тоа е знак дека никогаш немаат пари за „црни денови“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …