(ВИДЕО) Меган Маркл и била гостинка на Елен Деџенерис – таа открила до сега непознати детали за нејзиниот живот!

Меган ги изненадила сите со гостувањето во шоуто на комичарката Елен Деџенерис.
Најавата за нивното интервју е објавена и во клипот Меган ја раскажува приказната за нејзиниот живот пред да се омажи за принцот Хари. Таа се присетила на своите аудиции и раскажала дека возела стар „Форд Експлорер спорт“ во кој не можела да влезе низ вратата бидејќи не му работела бравата, па влегувала низ багажникот.
„Би паркирала некаде точно на крајот од паркингот, би го отворила багажникот, би влегол внатре и ќе ја затворела вратата од багажникот и потоа би ползела преку седиштето“, низ смеа изјавила Маркл.
Кога некој би ја видел како влегува во багажникот, таа се преправала дека бара нешто како шминка и сценарио. Видеото од шоуто ја изненадило јавноста бидејќи не се знаеше дека ќе гостува кај Елен …


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, одбележа „80 години настава на современ македонски јазик“.

Со Свечена академија која се одржа во Центарот за култура, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од …