ПОТЕГ ЗА ПРИМЕР: Ване Богдов им ја предал конфекцијата „Вабо“ на работниците

Од први јануари 2022 година познатата штипска конфекција „Вабо“ ќе премине во рацете на работниците. Во нивно име (во име на работниците) со овој стопански колектив ќе раководат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен работен стаж во конфекцијата и Дарко Роглев, референт по извоз.

-Вчера имавме собир на работниците на кои ја објавив мојата одлука, а на кој собир ги претставив Николова и Роглев. Всушност на работниците им ја дадов на користење фабриката со целата опрема во неа при што во првата година нема да плаќаат никаков надомест за тоа, а од втората година, само под услов фабриката да работи со добивка, во што не се сомневам, ќе плаќаат минимална кирија за 1.250 метри квадратни производен простор колку што има конфекцијата, ни изјави Ване Богдов кој пред 25 години ја започна успешната приказна во животот и во развојот на конфекцијата „Вабо“, пренесува Исток прес.


Се што ќе спечалат работниците ќе биде во нивна полза и за нивно добро. Но, зошто Богдов се одлучи на ваков, за наши услов и прилики речиси шокантен потег?

-Во оваа индустриска гранка сум цели 32 години. Почувствував дека кај мене го снемува мотивот за работа, а бидејќи моите две деца не сакаат да се занимаваат со конфекциско производство, воден од примарната цел нашите 130 работници да можат да работат и да остваруваат пристојна плата, се одлучив на ваков чекор. Убеден сум дека работниците и новите раководители, во новонастанатиот амбиен ќе донесат нова енергија и за првите 3-6 месеци (март-јуни 2022 година) ќе го зголемат производството за најмалку пет проценти што, секако, ќе се одрази и на нивните плати, појаснува Богдов.


За да нема заблуда ќе нотираме дека Богдов фабриката не им ја дава во сопственост на работниците, туку им ја предава на користење.

-Јас им ветив дека со своите врски со деловниот свет во државите од Западна Европа со кои соработувам цели 25 години, без никаков надомест за себе, ќе им обезбедувам работа на еден подолг временски рок. Јас сум им гарант дека тие редовно ќе земаат плата зашто работа има за многу идни години. Важен е и фактот дека тие нема да имаат режиски работници, вели Ване Богдов.


Извор и фото: istokpress.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗНАЦИ ДЕКА МАЖОТ НЕ ВЕ ПОЧИТУВА: Ако мисли дека има право на се, вклучете го алармот

Почитувањето е клучот за секоја квалитетна врска, но не сите мажи се научени да почитуваат …