Три намирници кои го успоруваат стареењето

Освен што се многу здрави, овие намирници можат да ви помогнат да одржите младешки изглед
Доколку сакате да го зачувате вашиот младешки изглед и добро здравје што е можно подолго, збогатете го менито со овошје и зеленчук во неограничени количини, и заменете го црвеното месо со специјалитети од риба.


Доматот е богат со антиоксиданти и ликопен, кои многу успешно ги уништуваат слободните радикали и на тој начин го штитат организмот од канцерогени заболувања. Сосот од домати се смета дека има најдобра заштитна моќ, поради присуството на масло кое го подобрува неговото антиканцерогено дејство. Пожелно е доматот да биде присутен што е можно почесто во дневното мени, без разлика дали е свеж или варен.


Скушата е исто така на списокот на пожелни јадења бидејќи маснотиите на оваа морска риба имаат многу лековито дејство. Го штитат срцето, бидејќи го регулира неговиот ритам и ги чистат артериите. Тоа е одлична заштита и за мозокот и за целиот нервен систем. Богата е со масни киселини, витално значење за клетките на нервниот систем, витамин А, најефективниот антиоксиданс, како и витамини Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12. Скуша треба да се јаде двапати неделно. Оваа вкусна риба не ги губи своите лековити својства дури и кога е конзервирана.


Брокулата е одличен извор на витамини Ц и Е, кои ја штитат и стимулираат природната одбрана на организмот и го забавуваат стареењето на клетките. Покрај тоа, тие се богати со индоли, супстанции кои го чистат телото од канцерогени елементи. Експертите препорачуваат јадење 200. до 300. гр брокула неделно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Танцовите перформански „Табу република“ и „Напуштена иднина“ вечерва на Танц Фест 2024

Вечерва во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот, во рамките на јубилејното издание …