(ФОТО) Каролина Гочева и Михаил на меден месец во „ледено  доба“

Поп-ѕвездата Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин е на меден месец во Канада. Студеното време и ниските температури не и пречат да се прошета и да ги види природни убавини на земјата, па на својот инстаграм-профил Каролина деновиве објавува фотографии и видеа од патувањето.

На секоја од нив таа остава коментари дека и студи и дека е многу поладно отколку што се чини. Таа објави и слика од замрзнатите водопади на Нијагара, фотографирана во Онтарио, Канада.


 

Многу поладно од што изгледа ☺️


A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on


„Многу поладно е од што изгледа“, напиша таа покрај фотографијата на која и се гледаат само очите заради дебелиот шал и капа. На прашањето на еден од своите инстаграм-пријатели за температурата, Каролина напишала дека чувството е како -33 степени. Вистинската температура, во тој момент била само -14 степени.

Ice age ❄️

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Целиот источен дел на Америка и Канада се под снежна покривка, а фотографии од замрзнатите Нијагарини водопади беа објавени во светските медиуми уште минатата недела.
Каролина и Михаил ќе се вратат во Македонија до крајот на месецот, а брзо потоа пејачката ќе го промовира нејзиниот нов студиски албум.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …