ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА за 5. дена: Еве какво време не очекува

УХМР излезе со петдневна временска прогноза, за празниците…

Денеска се очекува умерено до значително облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минимална температура 11°C до 14°C. Максимална температура: 20°C до 31°C.
Утре, недела, се најавува променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови претежно на запад ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер.Минимална температура 10°C до 16°C. Максимална температура: 19°C до 33°C.
Во понеделник можеме да очекуваме сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минимална температура: 7°C до 15°C.Максимална температура: 20°C до 31°C.
За вторник се најавува променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во попладневните часови, но и намалување на температурите.Минимална температура: 8°C до 15°C.Максимална температура: 17°C до 25°C.
Во среда сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.Минимална температура: 3°C до 11°C. Максимална температура: 19°C до 26°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Од 13 до 18 мај во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV …