(ФОТО) СЗО ги отфрлила неговите тврдења: Лекарот кој говорел дека вакцините не се добри починал од корона!

Лекарот од Кенија, Стивен Каранџа, кој рекол дека вакцината против ковид 19 е потполно непотребна, починал како резултат на инфицирање со вирусот корона.
Д-р Каранџа, кој бил шеф на Католичкото здружение на кениски лекари, се залагал за третман со инхалации и таблети базирани на хидроксихлорокин.
Тој имал несогласувања со Католичката црква во врска со безбедноста на вакцините, а надлежните органи за здравство и Светската здравствена организација (СЗО) ги отфрлиле неговите тврдења.
Кениската конференција на католички бискупи се оградила од изјавите на Каранѓа за вакцините, тврдејќи дека вакцините се легални и етички прифатливи, објавил Би-Би-Си.
Каранџа починал вчера, седум дена откако беше хоспитализиран поради компликации поврзани со Ковид 19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …