(ФОТО) Освоил спортски автомобил а потоа притиснал на гас…

ЖИВОТОТ секогаш зема нешто и нешто дава.
На среќата на Адам и немало крај кога го освоил автомобилот од соништата. Прекрасната црвена Mitsubishi Lancer Evolution IX ја подарувал Dream Car Giveaways, а најсреќен бил Адам. Со 112.000 минати километри и неколку модификации, тој е еден од најпосакуваните класични спортски автомобили. Особено што ова е верзија FQ-320. Два литра лут отров, погон AWD и внатрешност како за рели се гаранција за забава, но само доколку возачот знае да се контролира.


Иако му посакале многу среќни милји, Адам не стигнал далеку со Митсубиши. 150 км и еден ден подоцна Адам изгубил контрола над автомобилот и го искршил. Силно оштетени предни и задни делови, Митсубиши е отпишан и испратен во вечни ловишта. Добрата вест е што возачот останал неповреден.
Од страницата што му го дала автомобилот, ги известиле следбениците дека Адам е добро и потсетиле дека тоа може да му се случи на секого. На Адам му посакале се најдобро во иднина.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …