Почнал периодот на ретроградниот Плутон! Проверете што значи тоа за вас!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

На 27. април започна периодот на ретрограден Плутон, тврдат астролозите. Ретрограден Плутон во знакот на Јарец ќе го задржи своето „владеење“ во следните шест месеци и еве што значи тоа за вас, според „Космополитен“.
Во астрологијата, Плутон е поврзан со моќ, авторитет, его и тајни. И кога се движи во знакот на Јарец, Плутон нагласува теми како што се дисциплина, стратегија, морал, работа и богатство. Плутон, кој сè уште се смета за планета во астрологијата, исто така е поврзан со кармата.
Во текот на следните шест месеци, некои од тајните што ги криеме од себе може одеднаш да се појават за поголемо сознавање. И не мора секогаш да биде најпријатно искуство, велат астролозите. Плутон сака трансформација, затоа бидете сигурни дека сè што ќе научите во овој ретрограден период има моќ да ве трансформира целосно додека Плутон ќе излезе од својата ретроградна позиција во октомври оваа година.


Ова се прашања што ќе излезат на површина одделно во овој период за секој хороскопски знак …

Овен
Дали сте таму каде што сакате да бидете деловно? Можеби е време да се трансформира деловното опкружување.


Бик
Кои се вашите вистински должности и одговорности? Можеби треба да ги преиспитате долгорочните цели.

Близнаци
Близнаци, како ви оди со финансиите? Да, ќе мора да се справите со ова во овој период.


Рак
Какви се вашите односи со други луѓе? Кој има моќ во овие односи?

Лав
Дали е време да ја смените вашата дневна рутина и секојдневието? Можеби треба да внесете новости во вашиот живот.

Девица
Што за вас навистина значи уживање и задоволство? Можеби е време повеќе да се отворите и на друго лице да му откриете што навистина сакате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …