Вечерва не очекуваат дожд и грмежи, а ноќеска и снег на повисоките места

Највисока температура денеска е измерена во Штип и Гевгелија – 24 степени, во Скопје Петровец, Битола и Струмица 23, во Тетово и Демир Капија – 22, во Скопје Зајчев Рид и Прилеп 21, во Охрид 20 и во Претор, Крива Паланка и Берово се измерени 19 степени.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
Пообилни врнежи ќе има во северозападните и североисточните делови од земјава, кои локално ќе бидат и над 15 л/м2.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а на планините на северот ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во горниот тек на Повардарието силен северен ветер. До крајот на денот ветерот вдолж целото Повардарие ќе се промени во северен.
Највисока температура денеска е измерена во Штип и Гевгелија – 24 степени, во Скопје Петровец, Битола и Струмица 23, во Тетово и Демир Капија – 22, во Скопје Зајчев Рид и Прилеп 21, во Охрид 20 и во Претор, Крива Паланка и Берово се измерени 19 степени.


Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната само до 6 степени.
Во понеделник ќе има преодна стабилизација на времето со пораст на дневната температура, а нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда, кога повторно ќе дува засилен северен ветер. Утринските температури кон крајот на неделата на повеќе места ќе бидат негативни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …