По многу одложувања, доцнење од една година, легендарниот тим од серијата „Пријатели“ конечно почнува!
Кој чека тој и ќе дочека! Вака накратко може да се опише состојбата со култната серија „Пријатели“, чии актери со години најавуваа дека повторно ќе се соберат.
Снимањето конечно започнува на 6 април во Калифорнија. Сите шест актери ќе глумат и сè е подготвено за првата клапа. Иако снимањето беше закажано за минатата пролет, продуцентите велат дека вредело да се почека, бидејќи ќе биде подобро и поубаво од планираното. Имено, според првичниот план, тие требало да глумат во студио со публика.
View this post on Instagram
„Возбуден сум од снимањето и се подготвувам“, рекол актерот Дејвид Швимер во февруари.
View this post on Instagram
Трите актерки: Џенифер Анистон, Корни Кокс и Лиза Кудроу не се скараа и тоа треба да биде олеснување во најавеното снимање.
Останатите двајца актери, Метју Пери и Мет ле Бланк, им рекоа на новинарите дека ќе снимаат „тука и таму“ и тоа е сè што јавноста успеа да открие!
Фото: Принтскрин/Instagram/friends