Ова воопшто не му требало…
Јужноафриканскиот политичар Ксолиле Ндеву бил понижен до крајот на својот живот кога дозволил неговата гола сопруга,среде многу важен состанок, да биде во позадина.
Ндеву, кој очигледно нема искуство со состаноците на ЗУМ, зборувал за тоа како локалните заедници можат да им помагаат на лекарите и како да вакцинираат, кога одеднаш неговата гола сопруга се појавила во позадина.
Во моментот кога таа се појавила зад него, на ЗУМ настанал молка, а потоа сите почнале да се смеат.
„Господине Ндеву, вашата сопруга не е соодветно обучена. Сè се гледа. Дали и кажавте за нашиот состанок? Ова е вознемирувачко“, рекол Фатих Мутамби, претседател на состанокот.
Потоа, друг политичар интервенирал во приказната и ги замолил колегите да не бидат груби, туку само сопругата на Ндеву да се тргне од екранот.
Додека Ксолиле Ндеву молчел од шок, таа додала дека ова не е прв пат во светот да се случуваат вакви работи.
„Треба да имаме повеќе разбирање. Само исклучете се сега, па повторно вклучете се“, му рече таа.
Кога се освестил, политичарот изразил жалење за непотребниот срам.
„Многу ми е непријатно. Јас се срамам. Јас и реков дека одам на ЗУМ. Ова е нова технологија за нас сепак. Ние не сме навикнати да се среќаваме вака “, рекол „низ заби“ политичарот од Јужна Африка.
Фото: Принтскрин/Youtube