(ФОТО) Оваа мајка е херој! Имала лузна од 40. конци од ЦАРСКИ РЕЗ а сега гордо го покажува стомакот!

Ерин Бахадур (36) во декември 2020. година го родила своето второ дете, девојчето Реми.
Поради плацентата, таа била подложена на итен царски рез, по што добила 40. конци на стомакот. Таа се соблекла и позирала, па ја покажала својата голема лузна, со цел да им соопшти на другите низ што поминува женското тело за да роди дете.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Erin Bahadur (@erinsinsidejob)


„Јас сум визуелен тип, па фотографиите од лузната ми помагаат да го нормализирам она што се случи со моето тело. Понекогаш, поради хормони и непроспиени ноќи, ги забораваме првите денови. Сакав да им покажам на другите жени дека не секое раѓање е исто и дека треба да се слават и нетипичните. Лузната претставува сила за мене. Ме воодушевува што има место низ кое сум отворена, за да може да излезе друг живот. Тоа е вратата преку која се роди ќерка ми и јас сум многу горда“, напишала таа на Инстаграм.
Царскиот рез поминал добро, но Реми е родена пет недели предвреме, па 15. дена поминала на одделот за интензивна нега. Во меѓувреме, на Ерин и се отстранети конците, но сепак објавува фотографии од лузната.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erin Bahadur (@erinsinsidejob)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО рецепт) Без печење: „Наполеон торта“

Колач торта кој се подготвува за неколку минути, толку е брзо. Брза и едноставна но …