Извештај на ИЈЗ од 15. до 21. февруари.2021.: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица, процентот на позитивност во просек 14,7%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000).
Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%, на исто ниво како минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=575, 24,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=445; 19,2%), 40-49  (n=442; 19,1%), 50-59 (n=413; 17,8%) и 20-29 (n=300; 12,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=107; 4,6%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени” се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 февруари 2021, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …