Рецепт на годината: Светот го подготвувал ова во 2020 година!

Година кога ги усовршивме нашите кулинарски вештини
Како и секоја година, Гугл објави список со најбараните термини во сите можни полиња, вклучително и кулинарското…
Бидејќи оваа година беше најчудната досега, дека сме поминале многу време дома и го минимизиравме шопингот, не треба да изненадува што „најгугланиот“ рецепт беше рецепт за домашен леб!
Овој леб ќе биде подеднакво вкусен, без оглед на недостаток на квасец. Направен е многу едноставно и брзо. Тајната состојка што му дава мека и воздушна текстура, во овој случај, е прашок за пециво.
За ферментација:
280 мл ладно млеко
200 гр бело брашно
За останатото:
150 гр брашно
25 гр прашок за пециво
25 гр путер
1 лажичка сол
малку шеќер
Подготовка: измешајте млеко и брашно (280 мл ладно млеко, 200 гр бело брашно), потоа покријте го садот и оставете го 30 минути.
Во друг сад измешајте ги останатите состојки, брашното, прашокот за пециво, путерот, солта и шеќерот и по 30 минути додадете ги на оној во кој претходно сте ги измешале млекото и брашното. Измешајте сè добро сè додека не се соедини и тестото нема грутки.Убаво измесете, обликувајте, засечете по површината и печете во рерна загреана на 200. степени.
Испечениот леб оставете го малку да се излади, завиткајте во чисти кујнски крпи и оставете да се излади, а потоа конзумирајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …