Холивудската актерка Гвинет Палтроу одлучила да направи голи фотографии за нејзиниот 48. роденден. Иако многумина го дочекале ова со ентузијазам, нејзината ќерка не.
Славеничката позирала од профил, ги покрила градите со рацете и лесно ги прекрстила нозете. Бидејќи Гвинет има повеќе од 7. милиони следбеници на Инстаграм, не е изненадувачки што следуваа бројни реакции.
На многумина им се допаднал нејзиниот храбар потег и изглед, но на нејзината ќерка Епл Мартин (16) тоа и пречело.
Само неколку секунди по објавувањето на фотографијата, Епл остави коментар „МАМА“, што укажува дека е шокирана од целата ситуација. Тинејџерката не ја криела непријатноста.
Холивудската актерка ќерката Епл ја добила во бракот со првиот сопруг, Крис Мартин.