(ВИДЕО) На интернет никој не верува колку шминка и треба на Ирина Шајк за да изгледа совршено

НА YOUTUBE, туторијалките за шминка, снимени од најпознатите светски топ модели стануваат сè попопуларни. Супермоделот Ирина Шајк сними еден за „Вог“, а нејзината рутина за шминка ги изненади луѓето од целиот свет.
Додека блогерите за убавина на лицето ставаат, на пример,течни пудри, коректори, хајлајтери и многу други препарати, Ирина Шајк се шминкала со прстите и користела само неколку капки течна пудра што ја нанесува само на одредени делови од лицето.


Светски познатата манекенка и една од најубавите жени во светот не користи ниту дел од она што е дел од рутината на многу девојки кога се шминкаат и вели дека помалку е повеќе и дека жените мора да носат шминка, а не шминката нив.
Во коментарите под видеото на Јутјуб, многумина не го криеја своето воодушевување за рутината за шминкање на Ирина.
„Нејзината тајна за добра шминка е едноставно дека е најубава на светот и без тоа“, се пошегуваа нејзините обожаватели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …