СЛАВЕНИЧКИ КОНЦЕРТ на „Синтезис“: 25. години чувари на македонската традиција!

Со големо задоволство го најавуваме славеничкиот концерт на групата „Синтезис“ по повод нивниот 25. годишен јубилеј од артистичката кариера, што ќе се одржи на 23. септември, на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), со почеток во 20. часот.
Специјални гости на коцертот ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.
Нашата најпозната и најплодна етно група „Синтезис“ во изминативе 25. години има одржано повеќе од 500. концерти на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали. „Синтезис“ се најголемите амбасадори на македонската музика во регионот и ширум светот. Од своето основање во 1995. година, тие се чувари на македонската традиционална музика, и нејзини оплеменувачи со нови музички форми и елементи.
Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари како што се Влатко Стефановски, Тоше Проевски, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња меѓу кои се Биља Крстиќ и „Бистрик“.
Генерален спонзор на концертот е долгогодишниот подржувач на Синтезис, Комерцијална Банка АД Скопје, а концертот е подржан и од Министерството за култура и Град Скопје.
Концертот ќе биде одржан со почитување на протоколите за организирање на настани во време на пандемија од Ковид 19 а билетите во строго ограничен број по цена од 200. денари се пуштени онлајн и на сите продажни места на Купи Карти За Се.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …