(ФОТО) Хали Бери во врска со познат музичар!

Со месеци американските медиуми се обидуваа да дознаат информации за новиот партнер на холивудската актерка и поранешна Бонд девојка, Хали Бери, а сега самата им помогна во сè, како и нејзиниот нов партнер, музичарот Ван Хант.
Уште од јули, една од најубавите холивудски актерки провоцира со загатки на својот профил на Инстаграм, за вчера да објави фотографија на која позира во маица со напишан Ван Хант, заедно со „серија емотикони“, срциња и стапала, напиша: „Сега знаете сè“.
Имено, во текот на летото таа објави две фотографии на кои се гледаат само нејзините нозе, но и оние на потенцијалниот партнер. На првата фотографија, објавена на 19. јули, таа напиша „Недела е ден за забава“, додека на 16. август од кревет порача:


View this post on Instagram

now ya know… ♥️🦶🏽


A post shared by Halle Berry (@halleberry) on


„Будење во Вегас! Ви благодарам на сите за прекрасните роденденски честитки од моите пријатели, но и од најверните фанови. Сите Вие ми помогнавте да го направам овој роденден екстра посебен“.

View this post on Instagram

sunday,funday❤️

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

А тогаш фотографијата на која Хали нежно го бакнува во образ ја објави и 50-годишниот добитник на Греми, Ван Хант, пејач и текстописец кој објави пет албуми, но и онаа на кој актерката позира во маица со своето име.

View this post on Instagram

my bamboo

A post shared by van hunt (@vanhunt) on

Хали Бери има три брака зад себе, од кои има две деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …