(ВИДЕО) Ај Кју и Тони Зен ја оживеаа „Градот убав“ и настана „Песна за Скопје“

По повод „Скопје Лајт Арт Дистрикт“ Ај Кју и Тони Зен ја оживеаа безвременската „Песна за Скопје (Градот Убав)“.
Легендарната песна за Скопје на маестро Алаксандар Џамбазов и Бошко Смаќоски доживеа нова и свежа верзија од актуелните Ај Кју и Тони Зен. Тие ги споија енергиите на оваа песна со надополнет и изменет текст и во еден сосема нов аранжман и вдахнаа нов живот на оваа песна која го има одбележано градот Скопје.
Годинава за еден многу убав повод, оваа песна е дел од фестивалот Скопје Лајт Арт Дистрикт кој во моментов се оддржува под мотото „Градот зелен пак ќе никне“ во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје. Аранжманот го изработи Бојан Трајковски, а текстот го надополни Тони Зен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …