(ВИДЕО) НАЈВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100. ГОДИНИ – ДОЛИНА НА СМРТТА ВО КАЛИФОРНИЈА: Еве како изгледа животот на најтоплото место на планетата!

Во неделата, во Долината на смртта во Калифорнија, националниот парк на Соединетите држави, измерена е највисоката забележана температура на Земјата во последните 100. години, 54,4 степени Целзиусови.
Тоа е огромна пустинска област исполнета со кањони и дини од песок, а многу луѓе живеат и работат во таа пеколна атмосфера.
Бренди Стјуарт работи во Националниот парк на Долината на смртта во Калифорнија и вели дека топлината е неподнослива.


Светската метеоролошка организација сè уште ја проверува неделната температура, но неатоа не и е потребно затоа што знае колку е топло.
„Кога шетате, тоа е како многу фенови да дуваат директно кон вас“, рекла Бренди Стјуарт.
Џејсон Хасер живее и работи на теренот за голф. Тој рекол дека поради топлината, понекогаш почнува да работи еден час порано, во четири наутро, но дека дури и’ тогаш температурите се околу 37-40 степени Целзиусови.


„Најдобар начин да се опишат температурите овде е како чувството како кога печете нешто во рерната и да ја отворите, па во вас ќе дувне топол воздух“, објаснува тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …