Се снима серија „за трката“ за вакцина против коронавирус

Тема на книгата, како и серијалот, е – трката за производство на вакцината за корона!
Самата вест е доволно апсурдна, како и времето во кое живееме. HBO во голема мерка зачекори во проектот за снимање на серијалот „The First Shot”“, во кој ќе има ограничен број епизоди, а се заснова на книга напишана од новинарот Бренан Борел.
Поконкретно, серијата ќе зборува за компании и поединци кои, од научна гледна точка, ризикуваат многу да обезбедат вакцина за болеста што во моментот го мачи човештвото. Фактот дека сè уште немаме вакцина е друга приказна …
Засега нема информации за кастингот, бројот на епизодите или датумот на премиерата за емитувањето.
Новинарот Борел е познат по тоа што пишува статии за пандемијата и пронаоѓање на вакцината, а ги објави во „Wired”“, „National Geographic“ и “Science Magazine”. Тој исто така пишуваше за ретки генетски болести за „New York Times“.
Покрај оваа серија, кога зборуваме за поврзаноста помеѓу актуелната пандемија и скорешните ТВ-проекти, HBO работи и на комедијата „Coastal Elites“. Нејзиното дејствие се одвива во време на короната. Премиерата се очекува наесен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери …