Грците поради Аја Софија ги укинале турските серии

Грчката телевизија ANT1 престанала да емитува турски серии на својата програма во текот на летото, како одговор на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја претвори Аја Софија во џамија.
Главниот уредник Јоргос Пофантис рекол дека одлуката е донесена и наскоро ќе биде претставена нова програма.
Тој објаснил дека имало размислувања да продолжат да се емитуваат турски серии во текот на летото, но по „она што се случи со Аја Софија“, донесена е одлука за забрана на сериите.
Да потсетиме, Ердоган на 10 јули потпиша декрет да ја претвори Аја Софија во џамија, откако Државниот совет ја поништи одлуката донесена во 1934. година со која Аја Софија беше претворена во музеј и ја прогласи за нелегална.
Минатата недела во ова место на богослужба се одржа првата молитва, а фреските и сите христијански симболи биле покриени со завеси.
По одлуката на Ердоган, грчката православна црква од УНЕСКО побарала да ја осуди Турција, а во писмото што го испратиле, меѓу другото, се наведува дека со претворање на Аја Софија во џамија, овој споменик за светско наследство повторно се претворило во симбол на освојување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 15.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој работен ден за повеќето Овни треба да помине без поголеми пречки и …