УХМР најавува нестабилно време за претстојниот викенд

Според најавите на УХМР во наредните денови не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што соопшти, утре претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални девет степени во Маврово до максимални 32 во Гевгелија.


И во следните денови ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела температурата ќе биде од 10 до 30 степени. Слични вредности се прогнозираат и за периодот од понеделник до четврток.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …