(ФОТО) Памела Андерсон посексипилна од било кога: Се соблекла до „гола кожа“

Ниту на 53-годишна возраст, таа не се воздржува од соблекување, особено кога станува збор за промовирање на веганството…
Памела Андерсон е веганка и голем поборник за правата на животните, па учествувала во рекламирање на чанти кои не се направени од животни. Дури и’ на 53-годишна возраст, таа не се воздржува од соблекување, особено кога станува збор за промовирање на веганството.


Станува збор за модни додатоци направени од веганска кожа, а за да може промоцијата да биде што е можно поефикасна, Памела ја соблечкла облеката и потполно гола легнала на ливчиња од роза.
„Утре им припаѓа на оние што можат да го слушнат како доаѓа“, Памела го цитирала покојниот пејач Дејвид Боуви веднаш под фотографијата. Освен тоа што овој бренд на чанти не убива животни заради производството, внатрешноста ја прават од материјал направен од рециклирани пластични шишиња.

Памела е позната како голем поборник за правата на животните. Едно време, таа побарала од реалната sвезда Ким Кардашијан да престане да носи вистинско крзно, но и познатата марка „Праду“ да го исфрли од нејзините колекции.

View this post on Instagram

#pamelaandersonfoundation ❤️ Zubisoubisou

A post shared by Pamela Anderson 🌸 (@pamelaanderson) on

Инаку за Андерсон бил направен и мини документарен филм „Разговор со Памела Андерсон“, во кој зборува за нејзината мотивација за заштита на животните и за фондацијата што ја именувала по себе и ги поддржува оние кои се борат за животински и човекови права и заштита на животната средина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …