(ВИДЕО) „Еден на еден“ го угости Венко Филипче: Зошто министерот станува во 4 – 5 часот наутро?

Министерот за здравство, Венко Филипче му е гостин на Жаре, во новата „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5.

Филипче меѓу многуте лични и професионални приказни, ќе раскаже и за тоа како изгледа еден негов обичен ден. „Се будам околу 4-5 наутро. Така сум попродуктивен“, открива тој.
Министерот раскажа за своите прогнози и дал анализа за понатамошното справување со вирусот Ковид-19, кој спорт и кои филмови му се омилени, и за тоа и каква музика слушал во операциона сала.



„Јас сум бил во операциона сала на сите континенти освен во Австралија, и секаде зависи од договорот со тимот“, рекол министерот. По овој одговор, Жаре се пошегува:
„Што ако сестрата сака да го слуша Аца Лукас? Песната ‘Бајпас’ е веројатно добра за операција“.
Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата, и видеото од приказната со музиката која се слуша за време на операција:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …