После растот на новозаболени од Ковид-19 – Тетово ново жариште!

Покрај тоа што генералниот впечаток е дека состојбата е под контрола и дека трендот е позитивен, констатирани се слабости и во делот на почитување на индивидуалните мерки од страна на граѓаните…

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Вчера беа регистрирани 36. нови случаи, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.622, а има и 419. активни случаи. Со вчера објавените од Институтот за јавно здравје, 12. новопотврдени случаи во Тетово и вкупна бројка од 108. дијагностицирани и 52. активни случаи, тој град е новото жариште во коронавирусот.
Најголем број дијагностицирани има во Скопје – 538 и 131 активен случај, а потоа следат Куманово – 408 и 63 активни случаи, Прилеп – 173 и 65 активни случаи и Велес – 107 и 51 активен случај.
Вкупниот број оздравени во државава изнесува 1.112, а на починати е 91. Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на Ковид -19.
Новите позитивни случаи со Ковид-19 во тетовскиот регион вчера беа причина за итна координација на претставниците на Владата и здравствените институции во тетовската клиничка болница. Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид-19, истакна дека очигледно и покрај тоа што генералниот впечаток е дека состојбата е под контрола и дека трендот е позитивен, освен пикот, сепак констатиравме слабости и во делот на почитување на индивидуалните мерки од страна на граѓаните и комуникација со матични лекари и одговорот на матичните.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …