(Вознемирувачко ВИДЕО) Случај кој ја згрозил Русија – Камерите снимиле морничав призор: Угледен руски професор (63) е фатен како во река фрла делови од телото на својата девојка (24)!

Руските медиуми објавиле снимки од надзор на која се прикажува историчарот Олег Соколов (63), како фрла делови од телото на Анастасија Јешченко (24) во реката во Санкт Петербург, откако ја убил во неговиот дом.
Се тврди дека угледниот историчар ја убил студентката со којабил во врска, а потоа и ги отсекол главата, рацете и нозете.
На снимката, наводно, во ледената вода во близина на неговиот дом фрла три пакувања, додека поминувал еден велосипедист. Надзорните камери на еден супермаркет, исто така, покажуваат дека тој купил леплива лента и други материјали пред да се упати за да се ослободи од телото.


Кога се вратил со останатите делови од телото, паднал во реката додека се обидувал да ги фрли рацете на жртвата. Носел униформа на Наполеон и наводно планирал да се самоубие затоа што претходно изјавил дека ќе умре облечен како Наполеон.
Кога пристигнала полицијата, тој бил извлечен од реката со хипотермија иа кај себе имал ранец со рацете на жената. Потоа отишле во неговиот стан каде што нашле застрашувачка глетка – обезглавено тело на Анастасија Ешченко, со која професорот заедно потпишал бројни дела.


„Тој се изјасни за виновен“, рекол неговиот адвокат, Александар Почаев.
Соколов рекол дека девојката, со која живеел околу 5 години, го прободела со нож. Кога го извеле на суд, почнал да плаче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …