(Вознемирувачко ВИДЕО+ФОТО) ФРАНЦИСКИ СТУДЕНТ СЕ САМОЗАПАЛИЛ СРЕДЕ ЛИОН: Не можел да живее со 450. евра, а во пораката ги обвинил водачите на Франција и ЕУ!

Француски студент (22), во саботата се запалил пред универзитетскиот ресторан во Лион, поради финансиски проблеми и е во критична состојба. Извори од болницата велат дека младиот човек претрпел изгореници на 90. проценти од површината на телото и е помеѓу „живот и смрт“.
Студент на Сент Етјен недалеку од Лион на социјалните мрежи објавил дека има финансиски проблеми само неколку часа пред сам да се запали. Младиот човек на Фејсбук напишал дека повеќе нема сили да се справува со финансиски проблеми, бидејќи живее само со 450. евра месечно.
Тој додал дека го „убиле“ францускиот претседател Емануел Макрон, двајца негови претходници, десничарката Марин Ле Пен и Европската унија.


„Ние мора да се бориме против подемот на фашизмот кој само нè дели и либерализмот што создава нееднаквост. Ги обвинувам Макрон, Франсоа Оланд, Никола Саркози и ЕУ за нивната смрт бидејќи создадоа несигурна состојба за сите нас. Јас исто така ги обвинувам и Ле Пен и медиумите дека создаваат страв“, напишал студентот во прошталната порака и ги замолил колегите да ја зголемат т.н. студентска плата, која во моментот е 450. евра, сметајќи ја премногу мала за достоинствен живот. За таа сума, додал тој, не може да се изнајми соба во предградието на Лион .


Во пораката, тој додал дека го избрал студентскиот ресторан како место на самозапалување за да испрати политичка порака. Француските медиуми објавиле дека девојката на младиот човек ја известила полицијата за неговите намери. Од Универзитетот, меѓутоа, изјавиле дека не биле свесни за студентските проблеми и им понудиле психолошка поддршка на сите студенти после неговото самозапалување.

Според достапните податоци, дури 43% од француските студенти немаат здравствено осигурување од финансиски причини, додека на последните анкети, дури осум проценти мислат на самоубиство во неизвесна иднина. Според францускиот закон, студентите кои изостануваат од училиште го губат правото на студирање, а бидејќи стипендиите на студентите се премногу ниски, многумина треба да работат неколку работи за да ја платат киријата.

Екран.мк
Фото: Скриншот

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …