18. дена преживеал во австралиската пустина, јадејќи печурки и пиејќи вода од браната

Две и пол недели по исезнувањето во австралиската пустина пронајден е човек кој преживеал на печурки и вода од браната.
Полицијата започна обемна потрага по Роберт Вебер, кој последен пат со своето куче бил виден, како излегува од хотел во Килкиван, Квинсленд, на 6. јануари. Властите пребарувале густи грмушки, реки, брани и стрмен терен во потрага по Вебер во неповолни услови, но една недела подоцна ја запреле спасувачката мисија.
Вебер, 58, бил откриен во неделата наутро – 18 дена откако последен пат беше виден – од сопственик на имот кој го забележал во близина на браната. Вебер рекол дека се изгубил откако се обидел да го избегне сообраќајот, велејќи му на соработникот на Си-Ен-Ен 7News: „Требаше да одам дома таа вечер. Бев на весел пат кон дома”.
Тој вели дека имало многу сообраќај па решил да оди по друг пат.„Направив грешка во дел од секундата и ја плаќав 18 дена“, рекол тој.

Јадел печурки и пиел вода од браната
Полицијата соопштила дека автомобилот на Вебер „заглавил“ на патот непознат за него и дека тој останал во неговиот автомобил со своето куче три дена пред да остане без вода.
„Одел пеш,и се изгубил и останал на браната каде преживеал спиејќи на земја, пиејќи вода од браната и јадејќи печурки“, се вели во соопштението на полицијата во Квинсленд.
„Немав засолниште. Се онесвестив. Моето тело не можеше да се справи со тоа”, рекол Вебер.
Властите додале дека Вебер е пренесен во болница, но инаку е „безбеден и здрав“, иако неговото куче не е пронајдено.


Фото: Queensland Police

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …