(ВИДЕО) Путин ги негирал обвинувањата на Навалјни: „Не сум сопственик на вилата!“

Рускиот претседател Владимир Путин лично негирал дека тој е сопственик на луксузната резиденција, за што беше обвинет од затворениот опозиционер Алексеј Навалјни, а чијашто онлајн истрага за таа куќа преку Интернет е разгледана 86. милиони пати.
„Не го видов тој филм затоа што немав време. Ништо од тоа што е прикажано овде дека тоа се мои работи, мој имот, не ми припаѓаат мене или на моите роднини, ниту пак некогаш им припаѓале“, рекол Путин во разговор со руски студенти, преку видео повик, по повод Денот на студентите.


Рускиот претседател зборуваше по викендот за време на кој илјадници луѓе излегоа на улиците во протестите повикани од Навалјни, кој во моментов издржува затворска казна од 30. дена, додека еден од неговите сојузници ги охрабрил понатамошните демонстрации во понеделникот.
Видеото објавено на Јутјуб каналот на Алексеј Навалјни на 19. јануари прикажува имот и вила покрај Црното Море.
Тимот на Навалјни објави видео, во кое се наведува дека луксузната „палата“ е изградена за претседателот Путин преку комплицирана шема за корупција.

Фото: Скриншот/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …