(ФОТО) СЕ ВАКЦИНИРАЛ И БИВШИОТ АСТРОНАУТ: Вториот човек кој одел по Месечината, на 91. година, примил вакцина за Ковид

Бившиот американски астронаут, вториот човек кој одел по Месечината, Баз Олдрин, ја примил првата доза вакцина против корона вирусот, само неколку дена пред неговиот 91. роденден и апелирал до граѓаните на САД да го следат неговиот пример.
„Ги замолувам сите да аплицираат за вакцина што побрзо, за животот да се врати во нормала што е можно побрзо“, порачал Олдрин преку Твитер.
Олдрин вакцината ја примил на Флорида, каде живее од пензија, објави весникот „Флорида тудеј“.


Баз Олдрин на својот профил на Твитер им се заблагодарил и на сите научници, медицински работници и луѓето од владата кои вредно работат, брзо и сигруно, да ја дистрибуираат вакцината за Ковид – 19 до светот…

Фото: Тwitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андријана Јаневска: „Ах! Денес требаше да настапиме на хуманитарен концерт… Така како што живеевте, така и заминавте!“

„Ах! 😭😭😭 Денес требаше да настапиме на хуманитарен концерт… Така како што живеевте, така и …