(ФОТО) Бебе родено со седа коса:„2020. е толку стресна што и бебињата се раѓаат со побелена коса!“

НОВОРОДЕНЧИЊАТА се фасцинантни. Откриени се бројни необични факти за нив, а сеедно тие сепак успеваат да не изненадат.
Токму тоа се случило кога еден од родителите го видел своето новородено бебе со седа коса. Тие, исто така, споделиле фотографија од слатката фризура на бебето на популарната страница Редит и предизвикале лавина од реакции.

Our newborn baby girl has anime hair from aww


Многумина, па дури и родителите на ова девојче, нејзината коса ги потсетила на популарните анима ликови кои често имаат токму таква боја на коса. Во овој жанр, седата коса често претставува мудрост и зрелост, или понекогаш „темната“ личност на ликовите.
“Тоа не е коса од анима лик. Тоа е коса на анима протагонист. Вие и вашата сопруга треба брзо да правите тестаменти. Во зависност од текот на приказната, не ви останува многу време”, е еден од коментарите, очигледно, од обожавателите на аниме жанрот.
“Нејзините моќи нема да се видат во следните неколку години. Подгответе се и будно внимавајте на неа!”, им рекол друг на овие родители.
Сепак, најголемо внимание привлекол коментарот на корисник кој верува дека оваа необична, пандемиска година е виновна за сè: „2020 година е толку стресна што и бебињата се раѓаат седи“.
Но, имаше и неколку коментари дека косата на бебето е знак на нешто вонземско.
“Ќе биде генијалец, веројатно личност која поминала низ реинкарнација и го предизвикала Бог во претходниот живот и беше испратена назад на Земјата за казна, но не грижете се, таа ќе ги поврати своите моќи! Конечно видовме чудо пред крајот на 2020 година”, е еден од ваквите коментари.
Сепак, други заклучиле дека сивата коса или сивите прамени не се толку невообичаени кај новороденчињата и дека нема причина за подлабока анализа


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …