(ФОТО) Џиџи Хадид ја покажа својата фигура, еден месец по породувањето, и ги воодушеви обожавателите

Еден од најпопуларните модели во светот, Џиџи Хадид, на својот профил на Инстаграм сподели со своите 60. милиони следбеници фотографија на која ја покажа својата фигура еден месец откако го роди своето прво дете.
Хадид и пејачот Зејн Малик кон крајот на септември станаа родители на девојче, а сега првпат објави и селфи што го направи во огледало и ги воодушеви своите обожаватели.
Со објавата, таа сакала да ги охрабри своите следбеници да одат на претседателските избори и да го дадат својот глас, а тие пак ја опсипаа со комплименти.


„Дури и по бременоста, сè уште сте слаби и убави“, напиша еден коментатор.
„Убава си“, „Вие сте вистинска убавица“, „Леле, какво тело“ беа низа ласкави коментари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …