(ВИДЕО) УРАГАН ЈА ОПУСТОШИЛ МОСКВА:Руската престолнина на удар на големо невреме – многу улици станале реки!

Во Москва беснее ураган проследен со град и силен ветер, соопштија метеоролозите и наведоа дека во главниот град на Русија е прогласено „жолто“ ниво на опасност во следните два дена.
Небото во руската престолнина сетана црно во средината на денот, по што започна дожд, проследен со удари на молња.
Московјаните од различни делови на градот објавуваат видеа од невремето на социјалните мрежи. Дрвјата во дворовите се виткаат од налетот на силен ветер, а на небото се формираат пијавици карактеристични за ураган.
Поради силниот дожд, градската канализација не може да се справи со толку многу вода, па многу улици се поплавени. Обилните дождови предизвикаа гужви на улиците.


View this post on Instagram

Плывем красота🤣🤣🤣


A post shared by Сергей Савчук (@sergei_savchuk) on


Сепак, жителите на Москва, особено оние што возат автомобили, очекуваат понепријатни изненадувања. Од утре се очекува пад на температурата до минус 1° С во текот на ноќта, пишува порталите во Русија.
Хидрометеоролошкиот центар на Русија однапред ги предупредил жителите на градот за невремето што се приближува.
Јевгениј Тишковец, водечки вработен во метеоролошкиот центар Фобос, објавил дека сите области во главниот град ќе бидат погодени од невремето, пренесува NSN.

“Се очекуваат обилни врнежи од дожд, проследени со ветер, чии налети на некои места ќе достигнат до 22-24 метри во секунда. Врнежи може да паднат вкупно до 22 мм. Како што појаснија метеоролозите, ова се две големи кофи со вода на метар квадратен”, рекол Тисковец.
Метеоролозите во Русија предупредуваат на нагло влошување на времето во наредните денови.
Во петок, сабота и недела се очекува заладување: од плус 13. во текот на денот, само од три до пет степени ноќе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …