(Рецепт) Никогаш полесно чистење на туш кабината: Овој трик ја брише и најголемата нечистотија

Откријте како можете лесно и брзо да ја исчистите туш кабината
Многу модерни бањи имаат тушеви, но варовникот, влагата и мувлата се задржуваат и ни создаваат проблеми при чистење.
Отстранувањето на тврдоглави дамки од елегантните туш кабини може да биде незгодно, затоа ви донесуваме неколку трикови кои сигурно ќе ви помогнат.
Истурете чаша дестилиран бел оцет во сад и загревајте 30 до 45 секунди во микробранова печка.
Истурете го загреаниот оцет во шише со прскалка.


Додадете неколку капки течност за миење садови.
Попрскајте ја течноста почнувајќи од врвот и оставете ја да делува најмалку пет минути.
Исплакнете ја стаклената врата и избришете ја со мека крпа од микрофибер.
Дали сте уморни од гледање на нечистотија и дамки на плочките во вашата бања или кујна? Еве го најмоќното решение!



Забелешка:
Не користете сунѓер со груб дел!
За тврдоглави дамки ставете повеќе оцет и почекајте.
Дополнителни совети:
Наместо оцет, можете да истурите сок од лимон, кој добро ќе ги исчисти дамките, но бидете внимателни ако подот е направен од природен камен.


Чистење со сок од лимон може да се примени ако не станува збор за тврдоглава дамка.
Преминете ја вратата, исплакнете добро со вода и исушете ја со мека крпа.
Туш кабината ќе биде чиста подолго ако ја чистите и сушите вратата со мека крпа по секоја употреба.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …