„ЅИРКАЧОТ“ НА ПРОКОПИЕВ ПРЕВЕДЕН ВО СЛОВЕНИЈА

„Шпегавец“ е трета книга на Прокопиев преведена на словенечки, по „Пловидба кон Југ“ (2008, Апокалипса, превод: Намита Субиото) и „Делфин“ (2020, Апокалипса, превод: Тим Сенчар)

11 април: Издавачката куќа „Прозарт медиа“ со задоволство Ве информира дека деновиве, во издание на Форумот на словенските култури од Љубљана, излезе словенечкиот превод на книгата „Sиркачот“ на Александар Прокопиев. За преводот се погрижи Роберт Суша, а предговорот е на Намита Субиото.
Д-р Субиото, инаку редовна професорка на Катедрата за македонски јазик и литература, непресушен толкувач и афирматорка на македонските автори, го означува Прокопиев како еден од најинтересните современи македонски прозаисти, чиј јунак во романот бега од „транзицискиот трулеж“, „од амбисот на малодушноста градејќи го својот минимундус на имагинарна слобода“.


This image has an empty alt attribute; its file name is zirkacot-1.jpg

Форумот на словенските култури ги вмрежува и поврзува книжевностите на 13 словенски литератури во едицијата 100 словенски романи.


„Шпегавец“ е трета книга на Прокопиев преведена на словенечки, по „Пловидба кон Југ“ (2008, Апокалипса, превод: Намита Субиото) и „Делфин“ (2020, Апокалипса, превод: Тим Сенчар). Романот, објавен на македонски во 2007година, има интересен и долготраен пат до странските издавачи, за разлика од некои други дела на Прокопиев што се преведуваат побрзо и почесто.
Инаку насловот на овој кус роман варира од јазикот на преводот – на англиски е ”Peeper”, наиталијански”Voyer” (во второто издание ”Il Voyer”), насрпски„Посматрач“…, што е симпатично сведоштво дека „Ѕиркачот“ поттикнува различни ознаки во различни јазици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …