Починал познатиот американски актер Мајкл Лернер

Познатиот американски актер Мајкл Лернер починал во саботата на 81-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја споделила неговата внука Сем Лернер на нејзиниот Инстаграм профил во неделата. Причината за смртта се уште не е позната.
„Синоќа изгубивме легенда. Тешко е да се каже со зборови колку брилијантен беше вујко ми Мајкл и колку големо влијание имаше врз мене. Неговите приказни секогаш ме инспирираа и ме натераа да се заљубам во глумата“, се вели во дел од објавата.

View this post on Instagram

A post shared by Sam Lerner (@samlerner)


Мајкл Лернер ја започна својата актерска кариера уште во 1960-тите кога беше студент на Американскиот конзерваториум во Сан Франциско. Се прослави со споредните улоги во сериите „Mash“ и „The Rockford Files“.
Овој легендарен актер многумина ќе го паметат по бројните улоги во филмовите како што се „Newsies“, „Blank Check“, „Celebrity“, „Godzilla“, „Elf“, „X-Men: Days of Future Past“ и други. Неговиот портрет на филмскиот магнат Џек Липник во „Бартон Финк“ му донесе номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Новата песна на Тамара Тодевска и Лазаров, за сите блиски кои повеќе не се со нас

„Патишта“ е новиот музички проект на Стефан Лазаров и Тамара Тодевска. Музиката на песната ја …