(ВИДЕО) „Целосна почит“: Човек снимен како носи торби со намирници на Romobil

КОГА мислите дека сте виделе се, TikTok ве разуверува. Еден маж е снимен како носи десетина кеси и лубеница на електричен скутер по купувањето. Видеото, очигледно, е снимено на паркингот на Волмарт, познат ланец на супермаркети во Америка и Канада, а на него се гледа како маж ги истоварува своите намирници во кеси од количка за пазарење, а потоа ги закачува на себе.
Човекот дошол целосно опремен за овој потфат, па има рефлектирачка јакна, ремен и куп карабинери закачени на него и носилка за бебиња за лубеницата. Тешко е да се прераскаже ова видео, најдобро е да го погледнете:

@jordanflomofficial Man picks up Groceries on Scooter! 🤣 #caughtoncamera #lifehacks #diy #diwhy #limescooters #dad #mom #funny ♬ original sound – Jordan Flom


Неговата снаодливост го привлекло вниманието на еден пар кој седел во автомобилот блиску до него и го снимил целиот потфат. Неколку луѓе го прашале дали му треба помош, вклучувајќи го и лицето кое го снимало, но тој рекол дека не му треба бидејќи истото тоа го правел секоја недела.
Видеото брзо стана вирално на TikTok со преку 61 милион прегледи и тони коментари. „Ова е најдоброто нешто што сум го видел! Секоја чест за тој снаодлив млад човек“, „Ова е генијалец“, „Целосна почит“, „Ова е дефиниција на изреката ‘кога има волја, има и начин’“ , се дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …