Зимска школа 2024

Планинарскиот спортски клуб „Х2О“ од Скопје, традиционално и оваа година ја организира Зимската школа, во недела, 14 јануари 2024 година. Школата ќе се одржи на скијачкиот центар – Попова Шапка ( 1780 мнв ).

Поканата за Зимската Школа на Х2О е упатена до нашите стари и нови членови како и планинарските клубови од Македонија и нивното членство. Заеднички да ја издигнеме културата на планинарење во Македонија.


И оваа година ја започнуваме едукативно, со единствена цел обновување и стекнување на знаења за безбедни зимски искачувања на планина. ПСК Х2О – Скопје ја продолжува 11-годишната традиција на организирање на ЗИМСКА ШКОЛА. На досегашните ЗИМСКИ ШКОЛИ учествуваа повеќе од 500 планинари, а во организацијата и изведбата на Зимските школи беа вклучени повеќе планинарски клубови регистрирани во ФПСМ, како и по 20-тина искусни планинарски водичи, се вели во објавата од организаторот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …