Перформанс за деца „Вселенска Мисија“ – работилница, анимација и цртање на лице

Утре, со почеток во 11:00 часот во Public Room (Јавна Соба) во Скопје, ќе се одржи перформансот за деца насловен „Вселенска Мисија“. Перформансот е наменет за деца 5+.

Перформанс за деца кој што започнува со цртање на лице! Децата потоа седнуваат во публика и започнува Вселенската мисија. Нашиот Супер Вселенко успеал да си ја поправи ракетата и се вратил на месечината, но со себе носи проблем. Тој е збунет и не знае да го разликува доброто од лошото!


Нашите мали марсовци и супер херои ќе му помогнат во тоа со едукативната работилница, а потоа заедно ќе уживаат во забавните анимации!

Продукција: Театар за тебе


Цена на билет: 300 денари.

Ве очекуваме!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …