Зимска размена на облека и додатоци во Социјалниот Центар Дуња

Во сабота на 13 јануари 2024 година, од 17 до 19 часот во Социјалниот Центар Дуња, во духот на солидарноста ќе биде организирана размена на зимска облека и додатоци.

Правила за учество:
– Носиш неколку парчиња зимска облека и модни додатоци кои веќе не ти се потребни. Секое парче мора да биде во уредна, чиста и употреблива состојба.
– Ги оставаш во соодветните категории во просторијата.
– Ги разгледуваш парчињата од останатите учесници, си муабетиш со чај, кафе и топол напиток.
– Можеш да земеш нешто иако не си донел/а ништо. Нема ограничување во бројот на земени парчиња.


Организаторите потсетуваат дека настанот не е од донаторски карактер и дека оставањето кеси облека за донација нема да биде прифатено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …