Жито Лукс продолжува со помош онаму каде што е најпотребно!

Жито Лукс и во Новата Година продолжува со хуманитарните активности насочувајќи ги онаму каде што е најпотребно, односно кон најранливите категории на граѓани, а пред сѐ кон децата.

Компанијата од декември минатата годинадел од средствата од секој купен производ од своетопортфолио во Тинекс маркетите, ги донира за помош и подобрување на условите на функционирање на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Оваа хуманитарна активност ќе трае до 12 јануари и е само една во низата хуманитарни подвизи кои компанијата ги презема со цел помошта да стигне таму каде што е најпотребна.


Изминатата 2020 година беше исклучително неизвесна и тешка за сите, а особено за ранливите категории во нашата држава, па помош од секаков вид беше добредојдена.Жито Лукс уште од самиот почеток на кризата предизвикана со Ковид-19 донираше прехранбени производи преку Црвен Крст, за да продолжи со истиот интензитет и хуманост во текот на летото со донации во институциите и организаците кои помагаат на децата без родители – СОС Детско село, One Can Скопје, Проект Среќа, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и други.


Од Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле ја поздравија ваквата иницијатива која, во овие кризни времиња на светска пандемија и тешки моменти за здравствениот систем и државата, е од особена важност.

Да бидеме хумани заедно, за малку полесна Нова година за сите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …