23.09.2023., Rovinj, Weekend Media Festival. Pusiona2.0 panel na kojem su sudjelovali Josko Lokas, Hrvoje Bujas, Nikola Dujmovic, Hrvoje Cosic i Petar Stefanic

Заврши 16. Weekend Media Festival во Ровињ: Weekend.16 ја оправда титулата водечки регионален фестивал и воодушеви околу 6000 посетители  

Најдобриот Weekend во годината уште еднаш воодушеви, инспирираше, едуцираше и забавуваше, со што ја оправда титулата водечки регионален фестивал за медиуми, комуникација, маркетинг и креативен бизнис. Во последните три дена, стариот тутунски комбинат во Ровињ собра рекорден број посетители, кои имаа можност да учествуваат на предавања од врвна класа и да слушнат сè од водечките регионални и светски експерти за актуелните теми и трендови на денешницата, со неизбежна доза на одлично дружење и забава. Меѓу нив беа и темите за соживот на луѓето од ПР индустријата и новинарите, контроверзните претприемачи, влијанието на вештачката интелигенција, феноменот трап, но и деловните неуспеси што ги забележале успешните претприемачи на нивниот развоен пат.


Weekend.16 ги надмина сите очекувања! Беше фантастично уште еднаш да се ужива во неверојатната атмосфера, полните сали и задоволните лица на рекордните 6.000 посетители, кои уживаа во последниот викенд од септември. Уште еднаш докажавме дека сме фестивал – лидер во размена на искуства, одлична енергија, пријателство и создавање деловна соработка, но и фестивал на нови идеи“, изјави Томо Рицов, програмски директор на Викенд медиа фестивалот, кој се одржа оваа година под генерално покровителство на Групацијата Адрис.

Вештачката интелигенција е сèприсутна, со неа природно ќе се развиваат помладите генерации, а наше е да ги запознаеме сите нејзини можности, да се едуцираме, да се информираме и да ги прифатиме позитивните промени што ќе ги донесе таа, а тоа е всушност акцент на панелот „Open about AI. Динамичната дискусија на експертот за вештачка интелигенција Борис Дебиќ, директор на ЗШЕМ, Мислав Маленица, претседател на CroAI и извршен директор на Mindsmiths, и Јошко Мрнџа, директор на Adriatics region, Google, модерирана од Ацо Момчиловиќ, експерт и советник од Futurehr, заврши со пораката дека не е толку важна технологијата, колку е важен фактот дека ерата со која се соочуваме е нова револуција. Борис Јокиќ, директорот на Институтот за социјални истражувања, во своето предавање заклучи дека развојот на дигиталните технологии и вештачката интелигенција радикално ги промени сите аспекти од нашиот живот, така што приватност речиси веќе не постои.


Кишоре Махбубани, сингапурски дипломат, поранешен претседател на Советот за безбедност на ОН и експерт за меѓународни односи, сподели неверојатни сознанија за иднината, геополитичките промени и влијанието на Азија врз Западот на панелот „Дали Западот (се) изгуби?. „Следните 10 години ќе бидат 10-те највозбудливи години во геополитиката“, рече Махбубани, нагласувајќи дека никогаш досега во човечката историја не сме виделе како две неверојатни сили со еднаква големина и моќ се конфронтираат. „Ова ќе го потресе светот, врзете ги појасите!“, порача Махбубани на инспиративното предавање.

Жешка дискусија се водеше на панелот „Каде грешат луѓето од ПР индустријата?“. „Проблемот не е во тоа што премногу информации се слеваат кон нас, туку проблемот е обично во тоа што луѓето од ПР индустријата сакаат да имаат контрола врз работата на новинарите, понекогаш преку политичка моќ, а понекогаш и преку комерцијална моќ, и тие мислат дека имаат моќ да управуваат со информациите. Накратко, на новинарите им пречи што сакаат информации кои луѓето од ПР индустријата не сакаат да ги дадат, а пак луѓето од ПР индустријата форсираат информации, кои се неинтересни за новинарот затоа што се од промотивен карактер. Публиката е во загуба бидејќи има конфликт меѓу двете струи“, рече Томислав Клаушки, новинар од 24sata, кој учествуваше на панелот со Ивана Галиќ Бакса, директорка за маркетинг и комуникации на United Media, Ружа Вељовиќ, директор за корпоративни работи и комуникации во Wireles Media Group и Владимир Прешељ, извршен директор на Millenium promocijа. За влијанието на медиумите врз перцепцијата на претприемачите зборуваа: Зоран Турковиќ, главен извршен директор на 24sata, Александар Станковиќ, ТВ водител, Зоран Шпрајц, уредник и водител на RTL, Хрвоје Бујас, претседател на здружението Glas poduzetnika и Тихомир Ладишиќ од N1, директор на вестите и програмите на панелот „Контроверзен претприемач поддржан од UGP“, под модераторската палка на Петар Стефаниќ.


На почетокот на 90-тите, зборот претприемач најмногу се поврзуваше со криминалот, а целата идеја на UGP беше зборот претприемач да стане поим за луѓе кои создаваат нови вредности. Зборот „бизнисмен“ е човек кој дошол на позиција преку политичка врска и затоа треба да ги дистанцираме овие два поими. Се разбира, политиката функционира во медиумите, но има претприемачи кои, исто така, би сакале и влијание и моќ“, рече Бујас.

Иако масовните медиуми не се кралеви на медиумската култура како порано, тие останаа живи и силни, па технологијата ја промени нивната доминација и парадоксално ги направи помоќни, е всушност тезата на предавањата “Како податоците и вештачката интелигенција го обликуваат денешното DOOH и Последниот масовен медиум,“ на кои експертите од областа на DOOH – Каи-Маркус Таслер, член на управниот одбор на Светската организација за надворешно рекламирање (WOO) и Денис Гаумони, пионер и светски лидер во мерењето на надворешно дигитално рекламирање и екрани во малопродажба, ги споделија своите приказни и искуства. „Најлесно е да се откажеш, а најтешко е да продолжиш е пораката на овогодинешниот панел „Пушилница 2.0,“ каде што успешните луѓе ги открија своите не толку успешни приказни, додека непомирливите разлики меѓу бумерите, генерацијата зи и милениумците, т.е. децата на цвеќето и рокерите, и младата генерација која слуша трап, ги објаснуваат музичарите Реља Поповиќ и Зембо Латифа, Ѓорѓе Трбовиќ, ко-основач и извршен директор на IDJ и Милан Мајеровиќ Стилиновиќ од ЗАМП. Тие заклучија дека, и покрај тоа што бумерите често не ја разбираат трап културата, таа стана феномен што го обедини Балканот, укажувајќи на моќта на музиката како средство за зближување на луѓето и промовирање на заедништво.

Што ѝ е смешно на публиката на брегот на Вардар, а што на онаа под Триглав? На која публика ѝ е поважно нешто да е смешно, а на која ѝ е доволно да е само смешно? На овие прашања одговорија најдуховитиот состав на викендот – стенд ап комичарите Тин Водопивец, Горан Винчиќ и Пеѓа Бајовиќ, како и новинарот и водител Зоран Кесиќ, кој не верува дека неговата публика ја мачат националистички прашања, дури и ако тоа е сè уште актуелна тема на нашите простори, и кој наместо политичка сатира, би ги извезувал нашите политичари во Европа. Викенд медиа фестивалот беше заокружен со забава до раните утрински часови со одличниот холандско-новозеландски бенд My Baby и RNB Confusion, организиран од диџеј Медо и диџеј Турк и Зембо Латифа, кои со одлична музика, многу забава и дружба го испратија овогодинешниот Weekend.16.

Како беше на овогодинешниот Weekend можете да видите тука, а сите новости можете да ги следите преку официјалните профили на фестивалот на Facebook,  Instagram и Linkedin.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …