Запознавање со четворица млади автори во рамки на Првото издание на книжевните читања „Клинци“

Првото издание на книжевните читања „Клинци“  ќе се одржи во Europe House во Скопје, на 13 декември со почеток во 20:00 часот.

Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат „Ништо не прават децава денес…“. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица млади автори кои штотуку влегуваат во книжевната сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!


На првото издание на „Клинци“ ќе читаат:
Ангела Бошкоска
Стефан Спасовски
Ива Петреска
Христијан Мурџески

Своја изложба ќе има Тамара Блажевска


Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …