ЗАПОЧНА СНИМАЊЕТО НА ЦРНОГОРСКИОТ ФИЛМ „ЖИВИ И ЗДРАВИ“ ВО КОПРОДУКЦИЈА СО „КРУГ ФИЛМ“ ОД СКОПЈЕ

Со голема чест Ве информираме дека денеска започна снимањето на филмот „Живи и здрави“ по сценарио и во режија на Иван Мариновиќ, а во ко-продукција со македонскиот „Круг Филм“.
Филмот се снима во продукција на црногорскиот „Адриатик вестерн“ на Иван Мариновиќ, а во копродукција со Марија Стојановиќ од српската „Сенс продукција“, Дејан Крајчевски од македонскиот „Круг филм“, Вероника Кухрова и Михал Крачмер од чешки „Аналог визија“, Анкица Јуриќ-Тилиќ од хрватската „Кинорама“ и Јожко Рутар од словенечкиот „Спок филм“.
Дел од актерската екипа е реномираниот македонски актер Никола Ристановски, а играат и Тијана Лазовиќ, Горан Славиќ, Момчило Пиќуриќ, Горан Богдан, Сњежана Шишков Синовчиќ, Дејан Ѓоновиќ, Мирјана Јоковиќ и Драгана Дабовиќ.
Автор на оригиналната музика за овој филм ќе ја работи нашиот истакнат музичар и композитор Тони Китановски.
Филмот ја раскажува приказната за Драгана (хрватската ѕвезда Тиjана Лазовиќ), идна невеста која вели дека не сака да се мажи, само два дена пред свадбата – иако се е подготвено и сите знаат за тоа. Лесо (ветеранот Момчило Пиќуриќ), безмилосниот патријарх на семејството на младоженецот (Горан Славиќ), има предлог за бунтовната невеста: помини ја крвавата свадба, одглуми ја, а потоа оди каде и да сакаш следниот ден. Таа се согласува. Сепак, навредениот младоженец се уште се надева дека таа ќе остане. Традиционалната свадба вклучува серија апсурдни настани, потопени во алкохол, пукотници и динамит, што ќе ги изнесе на виделина најлошите карактеристики на ликовите.
Проектот е поддржан од Филмскиот центар на Црна Гора, Филмскиот центар Србија, Чешкиот филмски фонд, Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), Агенцијата за филм на Северна Македонија, Словенечкиот филмски центар, Creative Europe MEDIA, SeeCinema Network, Eurimages, Порто Нови, Туристичката организација на Херцег Нови и општина Херцег Нови.
Снимањето ќе трае 33 дена, односно ќе заврши на 23 јуни, а ќе се одвива на локации во Црна Гора, во градовите Херцег Нови и Игало, како и на полуостровот Луштица.
Ова е втор филм на Мариновиќ. Неговиот дебитантски филм „Црната игла“ беше реализиран во
2016 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …