Временска прогноза за ноември и познато е кога доаѓа првиот снег!

Според прогнозите во цела Македонија се очекува топол ноември. Бројот на ладни денови во пониските предели ќе биде од 5. до 14., а во повисоките предели од 15. до 20. дена.Се очекува просечно количество на дожд, па се предвидува дека ќе има 10. до 13. дена со дожд, а на планините 12. до 15, додека бројот на денови со снег ќе биде во интервал од 2. до 5., а на планините од 11. до 14.
Топла зима
Меѓутоа, дебелиот минус кој ни се случи минатата сезона не би требало да се повтори повторно, во претстојната зима.Според најавите оваа зима ќе биде „топла“.
Се очекува дека ќе има од 30. до 60. денови со мраз (кога минималната температура ќе биде под нула) во пониските предели, а на планините 60. до 80. дена. Меѓутоа, бројот на ледените денови, кога температурата и преку цел ден ќе биде во минус, оваа година нема да биде голем.
По прогнозата можеме да очекуваме само 8. до 15. ледени денови и тоа во ниските предели а на планините од 25. до 45. денови со лед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …